До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk досега се доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 2392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.
Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн.
Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.
Пријавувањето трае до вече на полноќ. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Од ДИК информираат и дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во Избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509, Битола – 454, Карпош – 431.
Во периодот од почнувањето на јавниот увид донесени се и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со денеска, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст