Откако бугарскиот претседател Румен Радев побара анекс на договорот помеѓу Македонија и Бугарија вечерва бугарските политички партии кои се дел од владејачката гарнитура, ВМРО-Бугарското национално движење и Атака и официјално потврдија дека веќе е подготвен анекс на Договорот за пријателство, пренесува EUSCOOP.
Двете политички партии бараат Македонија да престане со присвојување и погрешно претставување на бугарската историја.
Лидерот на Атака, Волен Сидеров, ја објави информацијата вечерва и изјави дека веќе ги подготвил условите на анексот. Тој вели дека договорот за пријателство дозволува таква промена.
Сидеров ги сумираше неговите барања:
“Во принцип, во анексот се наведува дека Македонија треба да се воздржи од присвојување на историски настани и личности: владетели од Првата бугарска империја од цар Крум до цар Владислав, сите историски личности се поврзани со борбата за национално ослободување и така натаму, сите историски настани поврзани со таа ера. Накратко, сакаме една гаранција од македонската држава да престане со своите невнимателни активности кои се однесуваат на нашата историја и да предизвикаат вознемиреност “.
Од партијата ВМРО-Бугарското национално движење, бараат да не се меша со ВМРО-ДПМНЕ, и додаваат:
“Нашите предци никогаш не направиле разлика меѓу Македонија и Бугарија. Тоа се два збора за истото!“
Од ВМРО-БНД велат, го разбираат премиерот на земјата, Зоран Заев дека е во деликатна позиција со претстојниот референдум, но исто така, потсетуваат дека Бугарија ќе го има последниот збор за Македонија да влезе во Европска Унија. Додаваат и дека Македонија станала позната по бизарните и неточни историски тврдења во врска со историјата на Бугарија и дека за повеќето Бугари, земјата и македонското население се етнички, културно и историски бугарски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент