| четврток, 6 декември 2018 |

Викендичка изгорела вчера до темел во с. Грчец

Синоќа околу 21 часот во викенд населба во с. Грчец, скопско, од засега непознати причини избувнал пожар во викенд куќа на еден кат за која се уште не е утврдено кој е сопственик.

Куќата била целосно изгорена, а пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top