| четврток, 6 декември 2018 |

Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук

Власта, Фејсбук и Твитер се покажаа како најжестоки бојкотирачи во претреферендумскиот период. Иако не го прифаќа бојкотот на референдумот како демократско право, доследно го спроведуваат на дело. Секако, моќта ѝ е голема, а раката долга.

Постојано се предупредува дека се бришат коментари и профили на лица кои повикуваат на #бојкот на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, а се бришат и Фејсбук страници на критичките медиуми кои се коректори на политиките на алтуелната власт.

Жртва на бојкотот на Фејсбук е и порталот Република.мк. Официјалните Фејсбук страници на порталот, Република onlineRepublika English и Republika Shqip на 14 август беа избришани од Фејсбук без никакво образложение.

Почеток

Проблемите со Фејсбук започнаа на 2 август, што во мал дел влијае врз финансиската состојба на ДНИД Прва Република д.о.о., а во голем дел влијае врз читаноста и посетеноста на медиумот republika.mkenglish.republika.mkshqip.republika.mk.

На 2 август, без никаков повод и причина, бевме исклучени од бизнис-програмата на Фејсбук. Фејсбук ги укина бизнис-профилите на двајцата администратори, со што останавме без можност за увид во сметката, а веднаш потоа, уште истиот ден, ни беше укинат FBIA, инстант артикал. Исто така, Фејсбук не ги реализира своите обврски кон Прва Република за јули, иако финансиски месецот беше заокружен. Треба да се нагласи дека пред да бидеме вклучени во бизнис-програмата на Фејсбук, групацијата вршеше евалуација на нашата дотогашна работа на Фејсбук и бевме оценети како соодветни да се вклучиме.

Сериозен портал со дневни посети од 140.000 до 150.000

Запознаени сме со строгите правила за споделување на содржини на Фејсбук, ги следиме новостите и ги почитуваме неговите стандарди, па затоа сме непријатно изненадени и затечени зошто без никакво образложение сме неправедно и нелојално оттурнати од Фејсбук како доминантна социјална платформа за комуникација и информирање во Република Македонија.

Со ова Фејсбук ѝ нанесе сериозна штета на Република како медиум, без да наведе причина или пак повод. Ударот доаѓа во момент кога политичката ситуација во државата е повеќе од сериозна, а Република има огромно влијание врз јавното мислење. Тоа може да се види од бројот на дневни посети – 140.000 – 150.000, кој во одредени ситуации надминувал и 200.000, што за македонскиот интернет простор е вистинска реткост.

Објективното информирање на Република.мк има несомнено големо влијание врз јавното мислење во Република Македонија, а со оглед на актуелната политичка клима во земјата и тековните случувања во пресрет на референдумот за промена на името, ве уверуваме дека сите пријави против Република, доколку постојат, се поттикнати од политички причини. Нашиот портал НЕ Е ЛАЖЕН портал кој објавува лажни вести, зад него стои правно лице, кое подлежи на сите позитивни и негативни правни прописи во Република Македонија.

Нашите информации се дека станува збор за сериозен политички притисок од власта врз Република за намалување на влијанието врз јавното мислење во пресрет на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Затоа, мислиме дека Фејсбук е  изманипулиран од политички центри на моќ од Македонија во врска со нашата работа. Нашите политички ставови и уредувачката политика се наше дискреционо право и не очекуваме да им се допаднеме на сите корисници на Фејсбук до кои стигнуваат нашите вести. Не повикуваме на насилство, не шириме говор на омраза, ги почитуваме и ги поттикнуваме етичките и моралните кодекси во новинарството.

СДСМ врши континуиран притисок врз Република

На ваков притисок со несмален интензитет сме биле изложени и во изминатите години, кога актуелната власт беше опозиција. Јавноста во Република Македонија и дипломатските претставништва на странските земји се запознаени за заканите, уцените, тужбите со кои сме се соочувале, за нападите врз нашите новинари и фоторепортери, за судските процеси кои се водат пред македонските судови и за обидите за дискредитација на уредниците и новинарите на Република, како и со последниот случај на закана, во кој група активисти од Шарената револуција и невладини организации поддржани од Фондацијата „Отворено општество“  бараат од судот директорот на Прва Република д.о.о. да биде осуден со затворска казна од три месеци  или една година условна затворска казна, а за текст објавен во неделникот „Република“ во 2016 година, за кој веќе е платена прекршoчна казна.

Поранешниот директор на УДБА Иван Бабановски влета во „Република“ со закани до Никола Србов: По изборите ќе заврши на Дрисла

 

Ова не е првпат Фејсбук по нечиј налог да врши рестрикција на Република. Со промената на власта во 2017 година, а со крупните случувања на политичката сцена, извесен период беа блокирани, умртвени, страниците на кои споделува Република. Разликата е што сега тие се целосно избришани и не постојат на Фејсбук.

Заев демантира личен став – Владата со нов притисок врз Република

Симптоматично е што притисокот се врши само врз Република, иако во моментов на интернет просторот во Република Македонија опстојуваат десетици несериозни и сомнителни портали зад кои не стои правно лице, работат од дома и пласираат лажни вести, голотија, говор на омраза и вести со вознемирувачка содржина.

Заев и Владата продолжуваат со притисокот врз Република – премиерот демантира редакциски став и се заканува со тужба

Затоа бевме принудени да закупиме други страници кои се со далеку послаба моќ од страниците на Република градени веќе шест години.

Меѓународните претставници во земјава запознаени со политичкиот притисок кој се врши врз „Република“

 

За сево ова се известени одредени политички кругови во државата, дипломатските претставништва на странските држави, известена е и Амбасадата на САД. Но, и покрај сево ова, сѐ уште нема никаков одговор за рестрикцијата од Фејсбук, ниту пак промена на нашиот статус.

„Република“ го пријави физичкиот напад од членови на СДСМ и од обезбедувањето во полиција

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top