Официјалните податоци на грчката полиција покажуваат раст на случаите на запленета марихуна во северниот дел на земјата, во областа Епир, главно кај Јанина.
Весникот „Катимерини”,повикувајќи се на полициската статистика пишува дека во последните две години случаите на запленета дрога пристигната од Албанија бележат раст од 232 отсто. Во акциите уапсени се 306 лица,главно Албанци.
Дрогата поминува преку албанско-грчката граница низ разни патишта а криминалните групи имаат софистицирани форми на шверц на истата, која ја скриваат во разни предмети и материјали по што во најголем дел потоа се дистрибуира низ Европа.
– Во текот на 2016 година само во подрачјето на Епир запленети биле 2,7 тони додека следната година дури 9,2 тони марихуана. Годинава само во ова подрачје запленети се неколку тони, додека на целата територија на Грција 6,7 тони марихуана пристигната од Албанија. Во сузбивањето на недозволената трговија со дрога долж границата,грчката полиција е организирана во помали и флексибилни групи,-пишува „Катимерини“,во написот под наслов „Северна Грција потоната во марихуана од Албанија“
Врз основа на информациите добиени од страна на грчките власти, ако осомничените ја преминат околијата Јанина, тогаш полициските сили се мобилизирани во втората зона, главно во Арта, каде што има поставено контролни полициски пунктови. Со цел поуспешно справување со оваа појава, на грчките полицајци им помагаат и припадници на Фронтекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


