| четврток, 6 декември 2018 |

Нов циклон: Бруно доаѓа на Балканот и носи снег

Интензивни врнежи во земјите од регионот но и кај нас ќе има во петок и во сабота, најавуваат метеоролозите, кога ќе има услови за локално и изразено невреме проследено со интензивни поројни дождови, силен ветер, силни електрични празнења, силен ветер и град кој може да условот и локални проблеми.

Веќе од денес над Италија ќе започне пробудувањето на циклонот Бруно и со својата долина ќе го зафаќа Балканскиот Полуостров па така и времето драстично ќе се менува, па така и врнежите и грмежите ќе зачестуваат, вели метеорологот Славчо Попоски.

Во исто време од север ќе се спушта значително постуден воздухо па така и температурите драстично ќе опаѓаат и токму ова ќе услови северен и североисточен ветер а на европските како и италјанските алпи се очекува да падне и првиот снег за оваа сезона.

Провејување на снег можно е и на највисоките планински места на Балканот.

Во Македонија влијанието на Бруно ќе го почувствуваме веќе во петок и во сабота додека особено во недела и тоа доцна попладне и навечер кон понеделник како и во понеделник истиот ќе виде значително поизразен барем според моменталните анализи кога во најголем дел од државава ќе имаме врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен ветер а можна е и појава на локално невреме.

Значителен пад на тмпературите на воздухот и северен ветер кај нас ќе имаме на самиот почеток од следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top