Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Д., В.Ф. (35) и А.Р. (36), сите од Скопје, за сторено кривично дело “грабнување во обид“.
На 25 април во Тетово, во село Палатица, пријавените со патничко возило “Мерцедес“ го попречиле движењето на возило во кое биле две лица, а откако истите застанале, првопријавениот дошол до возилото и со раце го фатил едното лице, додека второ и трето пријавениот со употреба на сила се обиделе да го внесат другото лице во нивното возило.
Настанот бил забележан од граѓанин кој почнал да бара помош, по што пријавените влегле во своето возило и го напуштиле местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст