
Во текот на вчерашниот ден во полиција била пријавени два случаи во кои граѓани биле каснати од кучиња скитници.
Ноќеска околу 00.30 часот, М.Р. (46) од Тетово пријавил дека заедно со неговиот 10-годишен син, додека се движеле со велосипеди по улица „Илинденска“ во Тетово, биле нападнати од повеќе кучиња скитници. Со возило на итна медицинска помош двајцата биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Вчера пак во Полициско одделение Петровец, Л.А. (37) од Скопје пријавила дека во саботата околу 19 часот додека се движела пеш по улица “1” во село Р’жаничино, била пресретната од три кучиња скитници од кои едното ја каснало во пределот на левата потколеница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


