Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 2060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство.
Од нив, 2019 пријави се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка, соопшти ДИК. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.
Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.
Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 4466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, во Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.
Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст