| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ја стесни и скрати трасата за гасоводот преку Водно, проектот одложен за најмалку пет години и ќе чини 20 мил. евра повеќе

Владата на Република Македонија направи измени на проектната документација за изградба на гасоводот низ Парк шумата Водно со што е намалена количината на дрвја што треба да бидат исечени и е намалена широчината на трасата од 25 на 10 метри, а нејзината должина низ Парк шумата Водно е скратена за четири километри, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција во Владата.

– Ако Владата и Градот Скопје одделија средства за пошумување на Парк шумата Водно и ние тврдиме и гарантираме дека тоа ќе се случи. Мислам дека сме направиле се за да продолжи изградбата на гасоводот на Водно. Невладините организации беа комплетно инволвирани во овој процес. Со нив беше разговарано и комуницирано четири-пет месеци. Ние сме на ставот дека гасоводот е стратешки приоритет и дека евентуалната мала штета што ќе се направи при неговата изградба двојно ќе ја надоместиме. И ние не го даваме Водно и ние сакаме да го заштитиме, Тоа е наше заедничко богатство и нема да дозволиме на никаков начин да ја загрозиме природата и да и наштетиме на животната средина, рече министерот Сугарески.

Промената на трасата, како што истакна директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи, ќе значи одложување на проектот за најмалку пет години и дополнителни 20 милиони евра, но, како што посочи, тоа не е единствениот проблем, бидејќи за трасата по северниот дел на Скопје ќе треба да се исече повеќе шума, таа ќе поминува низ ерозивен дел, низ густо населен појас, а, како што кажа, е недозволиво и ќе треба да се сече со главниот водоснабдителен систем за Скопје.

Граѓанските организации и активисти веќе одамна апелирааат да се престане со сечата на Водно, а од летово тие се активни и со секојдневни патроли на планината, а најавија и одбрана на Водно со жив штит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top