| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Голф“ удрил 8-годишно дете синоќа во Чаир, итно пренесено во болница

Синоќа околу 22 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с. Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.

Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top