За решението меѓу Македонија и Грција Папас изрази убеденост дека постои мнозинство во грчкиот Парламент, но и доволно време да се убедат и скептиците, јави дописничката на МИА од Атина.
– Очигледно е дека постојат различни мислења меѓу владините партнери за прашањето за решавање на македонскиот проблем. Сметам дека во овој момент и во грчкиот Парламент постои мнозинство со кое ова решение, што се наоѓа на маса, може успешно да помине. А секако, мислам дека постои и време дури и скептиците да се убедат дека финализирањето на овој договор (бидејќи нашите соседи ќе ги направат предвидените чекори) е во интерес на Грција, вели Папас.
На прашањето дали меѓу убедувањето на скептиците што ги спомена е и коалициониот партнер во грчката Влада, министерот за дигитална политика и телекомуникации вели дека тие настојуваат да го убедат и Каменос дека финализирањето на договорот е позитивно за Грција./МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст