| четврток, 6 декември 2018 |

Гори „пожар“ во ФФМ: „Добронамерни“ совети за Сашко Тасев да ја повлече кандидатурата

На помалку од десет дена пред изборното Собрание, кое е закажано за први септември во Охрид, владее хаос во фудбалската федерација на Македонија.

Седницата на Управниот одбор која требаше да почне во 22 часот ќе влезе во историјата на фудбалот, па и во историјата на спортот кај нас, како една од најдоцна одржаните. Комисијата за жалби имаше тешка задача.

Откако конечно ја донесе својата одлука, истата во моментов се разгледува на седницата на ОУ, по која ќе бидат дефинирани имињата на кандидатите за први септември во Охрид и насоката по која ќе се движи Собранието, па и фудбалот во Македонија.

Спортмедиа” директно пренесува за сите случување од полноќните активности во ФФМ.

Половина час по полноќ  бил повикан во ФФМ и Сашко Тасев на седницата на УО. Официјално не се знае зошто, неофицијално, дознава „Спортмедиа“ е дека врз него се врши притисок да се откаже од кандидатурата за претседал на ФФМ.

Целиот текст и поврзаните вести ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top