| четврток, 6 декември 2018 |

Ганка Цветанова му одговори на Фрчковски: Секоја нација е измислена, суштината е во правото на самоопределување

Екс-министерката за култура и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ганка Цветанова на својот Твитер профил му одговори на професорот Фрчковски, кој во интервју за странски медиум изјави дека Македонската е измислена нација, создадена со акт на Титова Југославија.

– Фрчковски тврди дека МК е измислена нација. Патем кажано, сите нации се измислени. Не случајно Бенедикт Андерсон ги нарекува “замислени заедници”. Суштината не е во нивната лажност или вистинитост, туку во правото на самоопределување на нејзините членови!, пишува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top