| четврток, 6 декември 2018 |

„Бојкотирам“ со прашање до Димитров: Каде во македонскиот Устав има иредентизам?

Движењето #Бојкотирам на Твитер со прашање до министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од движењето прашуваат дали има македонски ирендентизам во членот 36 од Уставот.

Имено во членот 36 се говори за “борците од Антифашистичката и сите националноослободителни војни на Македонија за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност”.

#Бојкотирам прашува: 8. Дали има Македонски “иредентизам” во членот 36 од Уставот во делот “борците од Антифашистичката и сите националноослободителни војни на Македонија за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност”…?

Имено, членот 36 од Уставот пропишува:

Член 36
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top