| четврток, 6 декември 2018 |

Дива депонија кај Визбегово го загадува воздухот

Дива депонија во околината на Визбегово го загадува воздухот. На укажување на граѓани, Инспекторатот за животна средина на град Скопје вчера направил увид при што, како што се гледа од фотографиите, станува збор за дива депонија на градежен шут, стар мебел, искината облека…

– Оваа депонија постојано се опожарува и го загадува воздухот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Засилените теренски контроли во овој реон продолжуваат, информираат од Инспекторатот за животна средина на град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top