| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ќе игра само чочек на проектот на Коце

Започнува изградбата на подземна сообраќајница со должина од осумстотини метри, во центарот на Скопје под Јужниот булевар, објави Телма. Иако досега во Скопје не се граделе подземни сообраќајници, претходникот на Шилегов, Коце Трајановски за време на своите мандати заврши огромен дел од работата за овој проект кој и самиот го најави.

Трајановски го започна овој проект, а во време додека тој беше градоначалник беа завршени голем дел од подготовките, изработените плановите и завршена добар дел од потребната документација, а изработен беше и основниот проект за подземната сообраќајница. Сите овие работи беа платени од претходните буџети на градот кои се неопходни за изведба на еден ваков голем градежен зафат.

Подготовките за изведбата на оваа подземна сообраќајница започнаа уште во 2012 година кога градот веќе имаше склучено договор со компанијата „Лимак“, а освен изградбата на оваа, Трајановски работеше на изведбата на уште една подземна сообраќајница кај комплексот банки.

– Во мојата програма е предвидена изградбата на подземната сообраќајница од Владата до комплексот банки во должина од околу 1300 метри која многу ќе го растовари сообраќајот пред се’ во централното градско подрачје, како и подземна сообраќајница, односно спуштање на Јужниот булевар зад Рамстор. Од булеварот Кочо Рацин па се’ до булеварот Климент Охридски со две крстосници на две нивоа што во огромен дел ќе го растовари сообраќајот во Скопје, изјави Трајановски уште во 2013 година, а по втората победа на локалните избори тој започна со работа и реализација на ветеното.

Градските служби поставиле таканаречени бајпас зони, односно, зони за движење кои се протегаат од улицата Железничка до Мито Хаџивасилев Јасмин. Сето тоа треба да им го олесни движењето на скопјани се додека трае изменетиот сообраќаен режим.

Досега, бројни беа напорите да се изгради патна врска којашто ќе ги поврзе источните и западните делови од главниот град. Станува збор за врска којашто ќе може да прими голем дел од сообраќајниот проток кој се движи на релациите од Аеродром и Кисела Вода, до Карпош и Ѓорче Петров.

Според најавите на Шилегов, подземната сообраќајница треба да биде изградена за шест години, а целата изведба ќе чини околу 250 милиони евра, изјавил тој  за Телма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top