| четврток, 6 декември 2018 |

Американската војска ја избриша веста за соработката со „северномакедонските војници“

Американската армија ја избриша веста за одличната соработка и заедничките вежби со „северномакедонските војници“ што предизвика лавини реакции во јавноста. Од таму велат дека се извинуваат за погрешното именување на нашата земја и го употребуваат уставното име, кое официјално е признаено од САД – Република Македонија.

– Го тргнавме видеото од социјалните мрежи. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за грешката, пишува Армијата на САД.

Спорното видео од Криволак вчера беше објавено на официјалните страници од социјалните мрежи на американската војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top