| четврток, 6 декември 2018 |

Турнирот во Франција последна контрола пред почетокот на сезоната за вардарци

По натпреварите на турнирот во Германија и супер купот одигран во Струга, за РК Вардар претстои уште еден турнир пред официјалниот почеток на сезоната. Од четврток до недела Вардар ќе биде дел од силниот турнир во Стразбур, Франција.

„Црвено-црните“ по вторпат ќе бидат дел од овој турнир во кој ќе има силни ривали, сите дел од лигата на шампионите вклучувајќи ги ПСЖ, Нант, Монпелје, Веспрем и Мешков Брест.

По враќањето од Франција вардарци ќе имаат неколку денови за подготовка пред настапот во првото коло на СЕХА лигата против Металург во Скопје. Тој дуел е закажан за 29 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top