| четврток, 6 декември 2018 |

Може целосно да закрепне: Талентот на Ајакс се разбуди по 13-месечна кома

 

Младиот фудбалер на холандски Ајакс, Абделхак Нури се разбуди по 13-месечна кома и може да комуницира со своите блиски. Вундеркиндот во школата на Ајакс падна во кома по добиен срцев удар за време пријателски натпревар против Вердер Бремен минатото лето. Тој беше однесен во болница каде што остана неколку месеци. Во моментов Нури се наоѓа во медицински центар каде неговото семејство може да го посетува секојдневно и да помага во неговата рехабилитација.

Нури се уште не може да го движи телото и има потреба од помош, за да седнува и станува од својата инвалидска количка.

– Во моментов состојбата му е подобра во споредба со пред неколку месеци. Психички е многу здрав. Тој ја движи само главата, но понекогаш прави напори да се премести од креветот на количката. Веќе може да се комуницира со него, соопшти неговиот брат Абдерахим.

На почетокот докторите сметаа дека Нури никогаш повеќе нема да гледа, да зборува, да се движи или да јаде. Сега, сепак, тие веруваат дека момчето може целосно да закрепне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top