| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот е непрепознатлив и во лоша состојба – Бали Бег се повлекува од јавноста

Популарниот актер Бурак Озџивит, попознат како Бали -бег, минува низ исклучително тежок период во животот, поради што одлучил на некое време да се повлече од сцената.

Турскиот актер кој македонските гледачи го запознаа преку серијата „Сулејман Величествениот“ последните неколку месеци страда од депресија, а оваа информација сега дојде во јавноста.

Бурак одлучил да се огласи по тој повод: – Се чувствувам депресивно. Потребен ми е одмор и наскоро нема да ме видите дека работам, порачал тој.

Турските медиуми пишуваат дека актерот во последно време е непрепознатлив и во доста лоша состојба, а како причина го наведуваат таканаречениот „синдром на прегорување“. Како што наведуваат турските медиуми, за неговата лоша состојба придонесоа професионални неуспеси, како и семејната драма која настанала поради болеста на неговиот дедо. Бурак одлучил поради се што го снашло да се повлече од јавноста, како и да закрепне во друштво на сопругата, актерката Фахриј Евџен, која му е и најголемата поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top