| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во кладилница во ГТЦ: Скопјанец се заканувал на вработена, тврдел дека заради неа не добил пари

– Да не работеше бавно, тикетот ќе беше во игра а ќе добиев и пари. Со овие зборови скопјанец во четвртокот вербално нападнал вработената во обложувалница лоцирана во Градски трговски центар. Расправијата станала станала уште поголема откако вработената на играчот му одговорила дека таа била сама во смена, па затоа не можела да постигне.

Тоа дополнително ја вжештило ситуацијата па играчот станал агресивен, почнал да вика, пцуе и да се заканува. Таа била приморана да повика обезбедување кое кога пристигнало ја смирило ситуацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top