| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за Кумановец: Во домот во с. Черкези му нашле три пиштоли

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Б. (58) од с. Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира МВР во дневниот билтен.

На 22.06.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во село Черкези, при што пронашле и одзеле три пиштоли („Steyr Pieper Patent“ калибар 6,35мм, „Crvena Zastava M57“ калибар 7,62х25 мм и Smith & Wesson модел 422“ калибар 22LR) и 43 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top