| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен ефект: Кога Милнер погодува, неговиот тим не губи 16 години по ред!

Искусниот англиска фудбалер, Џејмс Милнер во најсилната англиска лига игра веќе 16 години, а за него е врзаен еден необичен рекод. Неговиот тим никогаш не губи кога тој ќе постигне гол.

Од 2002 година кога заигра за првиот тим на Лидс, па преку Њукасл, Астон Вила и Манчестер Сити до Ливерпул, Милнер постигнал 49 голови. Погодувал на 48. мечеви и ниту еден од тие дуели на кој ја затресол мрежата на противничкиот голман, неговиот тим не доживеал пораз.

Исто така, со погодокот од белата точка во мечот од второто коло во кое синоќа Ливерпул го победи Кристал Палас, Милнер го постигна и својот 17. погодок од 19. казнени обиди. Од нив девет од десет во црвениот дрес на Луверпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top