| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја книга му е бестселер, секоја втора – филмувана: Мураками стана диџеј

Познатиот јапонски писател Харуки Мураками (69), фаворит за Нобелова награда за литература, кој со право може да се пофали дека секоја книга му е бестселер, според кој се снимаат филмови, сега стана и радио-диџеј во Токио. Интересно е што овој автор, актуелен и читан насекаде во светот, кој живее повлечено од јавноста и многу ретко дава интервјуа, предизвика општа возбуда на социјалните мрежи.

Во текот на 55 минути на “Мураками радио” авторот ја пуштал претходно подготвената компилација од неговите омилени песни зборувајќи за тоа како се испреплетени неговата љубов кон музиката, трчањето и пишувањето, и како преку музиката научил да пишува.

Мураками пуштил девет песни од американски и британски автори, од џез до класичен рок, жанрови со кои тој најмногу сакал да трча. Сепак кога водителот на емисијата го прашал која музика би сакал да му свират на погреб, тој одговорил: “Ниту една. Претпочитам да заминам во тишина.
Инаку, неговите најпознати романи се “Слушај ја песната на ветрот (1979)”, која е екранизирана во 1981, “Флипер” (1973), Заварена земја на чуда и крајот на светот” (1985), “Норвешка шума” (1987) според кој е снимен филм , “Јужно од границата, западно од Сонцето”, “Кафка на брегот” (2002), “Кога ќе падне ноќта” (2004), “1Љ84” (2010), “Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак” (2013).

Неговиот последен роман “Убиство на Комтур” (1. дел), во Хонгконг е забранет за малолетници, додека на возрасните им е дозволено да го купат во специјално пакување. Во своите мемоари, “За што зборувам кога зборувам за трчањето”, Мураками кажува дека, по завршување на колеџот, немал намера да стане писател. Тој водел џез-бар во Токио?!

Музичка листа на Мураками

1. “Madison Times” -Доналд Фејган
2.“D. B. Blues”- Кинг Плежер
3.“Knockin’ on Heaven’s Door” -Боб Дилан
4. “Love Train”- Дерил Хол и Џон Оутс
5. “A Pirate’s Life for Me” – Брајан Вилсон
6. “Sky Pilot” – Ерика Бардон и “Тхе Анималс”
7. “What a Wonderful World” – Џои Рамон
8. “Between the Devil and the Deep Blue Sea” – Џорџ Харисон
9.“Light My Fire” – “The Doors”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top