До денеска до 12 часот, преку веб- апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија (ДИК) се доставени вкупно 1.725 пријави од граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Како што соопшти ДИК, од нив 1.612 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави има за гласање во Берн – 170, во Љубљана – 137, во Лондон – 103, во Торонто – 98 и Канбера 71, додека најмал број пријави се поднесени за гласање во Киев, Подгорица и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.
Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање, посочуваат од Комисијата.
Паралалено со пријавувањето на иселениците за гласање на рфеферендумот до 23 на полноќ тече и рокот за јавен увид во Избирачкиот список. До вчера увид во ИС во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК извршиле вкупно 3.996 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 411, во Струмица – 364, Карпош -300, Радовиш – 217 и во Охрид и Прилеп по 199.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст