| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорците не им го даваат „Јадран“ на Хрватите

Црна Гора се согласува сите нејзини сојузници да го користат бродот за обука „Јадран”, но тој ќе остане во земјата и ќе плови под нејзино знаме, порача црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ, на централната прослава во Тиват на која се одбележа 85-годишнината на бродот.

Тој, исто така, рече дека владата на Црна Гора „одвоила значителни средства” за ремонт на „Јадран” со цел овој брод „повторно да блесне во најубаво руво”.

Хрватска се стреми да го преземе „Јадран”, па во последните месеци презеде низа дипломатски активности и притисоци со цел Црна Гора да ѝ го врати стариот едреник, кој според тврдењето на официјален Загреб, ЈНА во 1991 година го „украла” од Сплит.

Едреникот е повторно во центарот на вниманието на медиумите токму поради прославата на јубилејот. Хрватската поп-пејачка Ивана Врдољак-Вана, под притисок на медиумите, одеднаш го откажа концертот што требаше да го одржи во Тиват, на бродот „Јадран”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top