| четврток, 6 декември 2018 |

Спортско обложување на „Фејсбук“

facebook-sign-89„Фејсбук“ ќе понуди обложување на фудбалски натпревари и коњски трки, а проектот е во соработка со онлајн обложувалницата Paddy Power. Играта ќе се вика Paddy Power In-Play, а ќе стане достапна во следните неколку денови.

Овој потег следува откако лани мрежата беше критикувана за играта Las Vegas, една од оние казино игри кои ветуваат џекпоти во вредност од илјадници евра. Виртуелните слот машини се достапни и за деца од 13 години, но тие ќе можат да користат вистински пари дури откако ќе наполнат 18 години.

Се најавува дека ќе има ригорозни безбедносни мерки, за да ги спречат малолетниците да се обложуваат и инсистираат дека рекламата за Paddy Power In-Play нема да биде видлива за малолетните корисници. Се појавија критики дека  сепак ќе има проблеми бидејќи малолетните корисници ќе можат да направат лажен профил или лажно да ја претстават својата возраст, за да можат да се обложуваат со кредитните картички на своите родители.

Оваа опција, засега ќе биде достапна само во Британија поради флексибилните законски регулативи за обложувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top