Михајло Маневски
Од буџетот на државните органи не можат да се трошат пари за референдумска кампања
Радмила Шекеринска, како министер за одбрана, спротивно на закон, прва се огласи дека од буџетот на Министерството за одбрана обезбедила окулу 1 милион евра за референдумска кампања за капитуланртскиот договор со Грција за промена на Уставното име на Република Македонија, за промена на Уставот и за рушење на македонскиот национален и културен идентитет, на македонската историја и за рушење на македонската држава.
Не е ни чудно што министерката Радмила Шеќеринска, попозната како вејка на ветрот, е подготвена да троши толку многу народни пари за лажна референдумска кампања. Од една лажлива ветрушка, друго и не може да се очекува. Таква се скроила и таква ќе се искине, вели народната мудрост. Одвратно злобно е подготвена да троши народни пари наменети за војската на РМ, која се судрува со непремостиви тешкотии во секој поглед. Која ѝ е целта? Дали не ѝ е целта да ја ослабнува Армијата и на тој начин да ја доведува во подредена положба Република Македонија? Дали ѝ е целта со народни пари да ја руши државата?
Владата не може да ги задолжува министерствата да пренаменат буџетски средства за референдумска кампања
Одлуката на Владата да ги задолжи министерствата од своите буџети да обезбедат средства на референдумска кампања е противуставна и незаконита. Владата неможе да донесе одлука со која ги задолжува министерставата да прераспределат и обезбедат пари за референдумска кампања. Такво нешто преставува директно флагрантно кршење на Законот за Буџетите, Законот за спречување на корупцијата, Изборниот законик и Кривичниот законик. Владата неможе да врши “ребаланс” на буџетот на буџетските корисници. Тоа може да го врши само Собранието, а Владата не побара и не предложи на Собранието ребаланс на буџетот.
Од ова Влада ништо не е за изненадување. Зоран Заев и ова Влада се ставаат над Уставот и над законите и работат на штета на државните и националните интереси. Доминира самоволието и незаконитоста во работата. Тоа неможе и несмее да остане незабележано од Државниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Македонија и финансиската полиција. Тие се должни да преземат конкретни мерки на одговорност за буџетските корисници и раководните лица за користење на буџетскитре средста спротивно на нивната намена.
Врз основа на кој закон Радмила Шеќеринска донесе одлука да одземе еден милион евра од парите на војниците за кампања за референдум?
Трошењето на народните пари од буџетот кои се собираат од даноците на граѓаните не е оставено на вољата на Владата и на поединци за тоа како ќе се трошат народните пари. Тоа прашање е уредено со Законот за буџетите. Со овој Закон се уредувaaт постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје. Според членот 2, Буџетот на Република Македонија е акт со кој се планираат годишните приходи и другите приливи и одобрени средства. Централниот буџет е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства на буџетските корисници на централната власт. Приходи на буџетот се даноци и други задолжителни плаќања утврдени со закон, а расходи се сите плаќања (одливи) од буџетите за одобрени намени. Буџетот е транспоарентен и достапен до јавноста во сите фази на подготвување и извршување на буџетот.
Според членот 7 од Законот, Буџетот ги содржи одобрените средства по буџетски корисници и утврдени намени кои се однесуваат на финансирање на тековните, капиталните и другите расходи на буџетските корисници и нивните единки корисници за извршување на активностите претставени преку програми и потпрограми. Буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои доспеваат во тековната година или да направат расходи над одобрените средства со Буџетот.
Никаде во Законот за буџетите нема овластување на раководителот на буџетскиот корисник – Министерството за одбрана и на Радмила Шеќеринска, како министер за одбрана, да може од средствата во буџетот на Министерството да прераспредели 1 милион евра за референдумска кампања. Според членот 33 од Законот, само Собранието одлучува за прераспределби помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите (ребаланс на буџетот), а таков ребаланс не е направен. Тоа што го чини Радмила Шекеринска е противзаконито и казниво дело на злоупотреба на средствата наменети за потребите на војската и за тоа треба да сноси кривична одговорност. Никаде во Буџетот на Министерството за одбрана не се утврдени намени на средства за референдумска кампања.
Како министер за одбрана, Радмила Шеќеринска наместо да се заложува за подобрување на стандардот на војниците, таа одзема толку многу средстава од нивниот буџет со кои можат да се набават неколку илјади пара чизми или повеќе илјади униформи на војниците, а не на оваков начин да се расфрла со народните пари намененти за одбраната за лажна референдумска кампања за рушење на државата со полнење на џебовите на некакви квази експерти, блиски провладини медиуми и платени послушници и насилници со цел да се врши невиден притисок врз граѓаните и тоа со нивните пари!!. Ова е невиден безобразлук на една министерка за одбрана и грубо самоволие со користење на народните пари.
Средствата на државниот буџет на буџетските корисници не можат да се користат за референдумска кампања
Според член 61 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, средства за спроведување на референдум на државно ниво се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Спрема тоа, за изборна кампања за одржување на референдум на централно ниво неможе да се користат средства на буџетските корисниции. Законот за референдум, во однос на користење на средства за кампања во членот 45 упатува на примена на одредбите од Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија од јули 2002 година. Според членот 62 на овој Закон, изборната кампања несмее да се финансира од средства од Буџетот на Република Македонија. Во Изборниот законик од март 2006 година, во членот 83 се наведува дека изборната кампања не смее да се финансира од средства од Буџетот на Република Македонија. Нема закон што тоа било кога го дозволувал. Идентична одредба содржи и Законот за спречување на корупцијата, а во членот 165–а од Кривичниот законик е предвидена казненена одговорност за злоупотреба на средства за изборна кампања.
Да беше во функција Државната комисија за спречување на корупцијата ова незаконитост неможеше во никој случај да помине. Дали смислено се растури Државната комисија за спречување на корупцијата, за да може власта на Зоран Заев и СДСМ да врши насилство со народните пари на граѓаните, тие народни пари да се користат за лажна кампања за рушење на државата и нејзиниот суверенитет и интрегритет, за вршење на незаконито влијание и притисок врз граѓаните, па и подкуп на избирачи, со цел да се сруши нивната лулка и мајка Македонија и македонскиот народ.
Народот тоа нема да го дозволи, а злоупотребата на народните пари нема да остане неказнета. Пред вакво незаконие никој неможе да остане слеп и глув, а најмалку Држабниот завод за ревизија, Јавното обвинителство на Република Македонија, Финансиската полиција и урнисаниот орган Државната комисија за спречување на корупцијата. Овие судбоносни времиња за Македонскиот народ и за Македонската држава не се забораваат, а злоделата не застереваат.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.