Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во своето гостување на телевизија Алфа во Отвореното студио, уште еднаш го потврди ставот на власта дека доколку граѓаните се одлучат да бојкотираат, односно не се исполни цензуост, институциите ќе одлучуваат во име на граѓаните.
-Било и кое да е прашањето. Прашањето да беше дали сте Македонија да се укине, поради тоа што така вика СДСМ, треба да има над 50 проценти излезени и од нив 50 плус 1 да се За. Ако нема, значи нема одлука. Нема одлука ни За, нема одлука ни Против. Значи граѓаните решиле да не донесат одлука на референдум во однос на ова прашање. Што не ги ограничува другите институции да одлучат. Ако граѓаните сакаат сами да одлучат треба да излезат и да гласаат за ова прашање што е од најголемо суштинска важност за нив, ако не сакаат може да си останат дома и да дозволат институциите да одлучат место нив, вели Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст