Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачот што денеска повреди едно лице во својот дом во гостиварското село Долна Бањица.
Од ОЈО соопштија дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото, каде било рането лице и издадени се наредби за собирање траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.
Според првичните информации осомничениот кој е во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош ранетиот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција. Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, се преземаат мерки за негово пронаоѓање, стои во соопштението.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст