Марија Спасовска повторно го освои интернационалното жири на интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“ кој се одржа во Охрид и Битола од 14 до 18 август. Од 105 учесници од 18 различни земји од Европа, Марија Спасовска пред 18-членото жири успеа да се претстави во најдобро светло. Таа на Гала концертот кој се одржа во Битола свечено беше прогласена за Best Voice од Претседателот на Интернационалното жири, кој покрај Пехарот Ѕвезда што ѝ го додели ѝ додели и школарина за вокална техника во Романија.
Марија во април 2019 ќе престојува во Романија и ќе ги усовршува своите вокални способности и техники. Покрај ова Марија Спасовска освои Специјална награда Пехар и Диплома во својата категорија во која се натпреваруваше и дополнително веќе со доделена акредитација ќе ја претставува Македонија на нови два фестивала во Швајцарија и Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст