| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ бесен: Ова е најголемата глупост во историјата!

По заминувањето на Кристијано Роналдо, фановите на Реал Мадрид извесно време стравуваа дека ќе ја започнат сезоната и без Лука Модриќ, но како што минуваа деновите, овие гласни шпекулации значително се стишаа откако самиот фудбалер најде заеднички јазик со претседателот Флорентино Перез.

Без разлика на тоа што Реал успеа да го задржи Хрватот во своите редови, челните луѓе на „кралевите“ останаа разочарани од односот на Интер и возвратија со тужба поради тоа што стапиле во контакт со играчот без да воспостават врска со клубот, но сето ова доби и друга верзија од страна на дел од медиумите.

Одредени извори пренесоа дека Модриќ застанал во одбрана на Интер и ја неутрализиарал тужбата на Реал поради тоа што тој бил оној кој стапил во контакт со италијанскиот клуб, а откако ваквите гласини добија на сила во изминативе 24 часа, најдобриот играч на Светското првенство во Русија одлучи да го крене гласот на социјалните мрежи.

– Ова е најголемата глупост во историјата, – напиша Модриќ од својот Инстаграм профил на објавата на која се вели дека тој стапил во контакт со Интер за да игра со своите сонародници Брозовиќ, Перишиќ и Вршаљко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top