| четврток, 6 декември 2018 |

Емелијаненко: Oва е мојата работа, вака го заработувам лебот! (ФОТО +18)

Еден од најдоминантните руски УФЦ борци, Александер Емелијаненко одработи уште еден добар натпревар со Тони Џонсон, а судиите одлучија на крајот да ги бодуваат нерешено. За Русинот ова е прв нерешен натпревар во ММА кариерата во која има 28 победи и седум порази, но Џонсон прилично го раздрма во оваа борба.

Во третата рунда со неколку лактови во серија му отвори рана на лицето на Емелијаненко, кој целосно во крв го заврши мечот. По се што претрпе, рускиот боксер се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“, поставувајќи фотографија по натпреварот со куса порака.

„Ова е мојата работа! Вака го заработувам лебот“, порача Емелијаненко.

Од излегувањето од затвор во октомври 2016 година, Русинот одработи шест борби, пет ги доби и една заврши нерешено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top