
Денеска со почеток во 11 часот започна најавениот протест на производителите на слива во Делчево. Беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница. На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација кои што во времетрање од еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки.
Од страна на производителите кои протестираа беа искажани уверувањата кои ги имаа добиено од страна на претставниците на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во текот на вчерашниот ден за исплата на најавените 2 денари/килограм на откупувачите, 3 денари на производителите како и исплата на штета на неоткупената слива, чија што количина и износ ќе се утврди од страна на комисија која ќе излезе на терен.

Во текот на протестот се случи инцидент во кој неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот. На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и опструирање кон самиот протест.
Потоа мораа да реагираат униформираните полицајци од сообраќајната полиција со цел за спречување на ескалација на состојбата.
По смирување на тензијата, од страна на производителите во знак на протест беше истурен дел од нивниот скапоцен род на местото на протестот, по што од страна на униформираната полиција беа предупредени дека ќе мора да го соберат за да не им пишуваат казни на оние кои протестираат.
(извор- Брегалнички.мк)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


