| четврток, 6 декември 2018 |

Нивес живее под ист покрив со поранешниот маж: Тој ми менува сијалици, а јас го перам

На хрватската актерка и пејачка Нивес Целзиус, не ѝ е чудно што со поранешниот сопруг, фудбалерот Дино Дрпиќ, живее под ист покрив. Во иста куќа, Дино живее во еден стан, а Нивес, со нивните две деца во друг.

-Разведени сме, па што. Нема ништо необично во тоа што сакаме децата да поминуваат повеќе време со двајцата родители. Дино оди на пазарење, одам и јас, си помагаме. Тој мене околу машките работи, ако треба нешто тешко да се носи. Тука е и ако треба да ми смени сијалица, а јас на него, ако треба, му ги перам алиштата и му пеглам, изјави актерката за порталот „24 сата“.

Нивес, која кај нас е популарна по улогата на Cнеки во ТВ серијата „Чиста љубов“ и Дино се разведоа пред четири години.

-Јас не носам никого во станот, немам кого да донеам затоа што немам дечко. А и да имам, не би го донела пред нашите деца. А за Дино не знам, мислам дека и тој има слично мислење за некои работи, изјавила Нивес. Актерката вели дека се случува, поради обврски, со поранешниот сопруг да не се сретнат и по неколку дена, а некогаш се гледаат и почесто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top