| четврток, 6 декември 2018 |

Болна патничка приземји авион

Авион од типот ” Eрбас А3 20″ на турската авио компанија “Фриберд ерлајнс”, што сообраќал на релацијата Бодрум-Билунд,денес вонредно слетал на белградскиот аеродром “Никола Тесла”.

Авион слетал околу 7:55 часот поради здравствени проблеми на една патничка соопштија од аеродромот “Никола Тесла”.
“Патничката е симната од авионот и веднаш е пренесена во дежурна медицинска установа. Другите патници останаа во авионот и го чекаат продолжување на летот откако ке се спроведат сите процедури”, се вели во соопштението.

Сите дежурни екипи на блеградскиот аеродром реагирале навреме и во склад со пропишаните процедури.

Вработените со слична ситуација се сретнале и завчера кога авион на авиокомпанијата “Синеџерс”, штој сообраќал на релацијата Измир-Стразбур вонредно, со 194 патници и седум членови на посадата слетал на белградскиот аеродром околу 20:0 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top