| четврток, 6 декември 2018 |

Британката која падна во море од крузер спасена по девет часа

Британска државјанка, која синоќа падна во море од крузер, пронајдена е и спасена по девет часа, соопшти хрватското Министерство за одбрана.
Таа е пронајдена од припадниците на Крајбрежната стража на Цавтат, на оддалеченост од 60 наутички милји од Пула, односно 1,3 километри од местото каде што падна во море од крузерот „Норвешка ѕвезда“.
Во потрагата по жената учествуваа авион, чамец на Пристанишната капетанија и три цивилни бродови.
Британката е во добра здравствена состојба и со брод е префрлена во Пула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top