| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца тинејџери од Белград претепаа познат актер во неговиот дом (Фото)

Две момчиња од Белград М.Р. (19) и У.З. (18) се уапсени во Херцег Нови под сомнение дека го претепале актерот Зоран Тројановиќ во неговата семејна куќа.

Момчињата изнаjмиле сместување кај Тројанович, а инцидентот се случил на 9 август по полноќ кога актерот ги замолил гостите да не прават толкава врева зошто било доцна во ноќта. Ним наводно им пречело тоа, па по кратка расправија почнале да го тепаат Тројановиќ. Тепањето било толку брутално што на актерот лицето му било деформирано од примените удари.

Тројановиќ поради повредите итно е префрлен во болница.

Инцидентот е пријавен во полиција, но момчињата побегнале пред да дојде патролата. Благодарение на изјавите на претепаниот Тројановиќ и останатите сведоци, момчињата се уапсени истиот ден околу 13 часот.

-Српските државјани М.Р. (19) и У.З. (18) се осомничени дека сториле кривично дело насилничко однесување, наведуваат од МВР Црна Гора.

Ним судија од основниот суд во Херцег Нови им одреди притвор во траење од 30 дена, по што ќе бидат спроведени во истражниот затвор во Подгорица.

Зоран Тројановиќ е долгогодишен актер во Херцегновскиот театар, а на 26 јуни имаше премиера на претставата: „Пршута, сирење и Шекспир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top