| четврток, 6 декември 2018 |

Алек Болдвин ја засрами својата ќерка со коментар на Твитер (Фото)

Ниту еден млад човек не сака да види коментар од родител на објава на социјалните мрежи, а кога се работи за познати шоу-бизнис личности, срамот е многу поголем.

Имено, ќерката на Алек Болдвин – моделот Ајрланд Бесинџер Болдвин на Твитер објави провокативна фотографија од себе во црно бикини на мотор.

– Не. Едноставно… не!, гласеше потоа коментарот на нејзиниот татко.

Инаку познато е дека популарниот холивудски заводник, и неговата ќерка од бракот со глумицата Ким Бесинџер, не се во најдобри односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top