| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата се врати: Во новата епидемија десетици мртви, неколку илјади заразени

Во новата епидемија на ебола во Конго умреле 49 лица, а најмалку две илјади се под надзор на лекарите поради сомневање дека се заразени со опасниот вирус.

Епидемијата е прогласена на 1 август на северот на Конго, каде на почеток се заразени 90 лица. Според новинските агенции, лекарите досега регистрирале две илјади лица кои биле во контакт со заразените, и се проверува дали и тие се разболени од таа тешка болест.

Од 1976 година наваму Конго имаше десет епидемии, а во претходната загинале 33 лица.

Најголемата епидемија на ебола која ја памети светот била во 2013 година кога умреле речиси 11.500 луѓе, и тоа најмногу во Гана, Сиера Леоне и во Либерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top