| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Харис на цел глас врескал на Рада – закани, солзи, изливи на љубов…

Љубовната врска меѓу Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ доби сосема нов тек. Од мирни и хармонички води, популарните пејачи запловија во турбулентни односи кои неодамна кулминираа кога Харис на цел глас врескал на Рада, сведочат соседите.

Имено, како што тврдат најблиските соседи во зградата во која живеат Манојловиќ и Берковиќ, од нивниот стан доцна во ноќта се слушнале вресоци и трескање.

Ти си само моја! Сите ќе ги претепам“, врескал Харис на сиот глас, а соседите се сомневаат дека причината за караницата биле написите во весниците дека пејачката нашла ново момче.

По бурната расправија, од станот на „гулапчињата“ се слушало плачење, а потоа ситуацијата се смирила.

Се гушнаа и бакнаа и си ветија дека ќе си веруваат еден на друг“, изјавил добро упатен извор за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top