| четврток, 6 декември 2018 |

BBC: Британски паралајдерист – херој загина во судар во воздух во Македонија

Параглајдеристот – херој загина во судар во воздух во Македонија , пишува BBC. 54 – годишниот Инес Пауел , пред својот финален настап во Британското отворено првенство во Крушево се судрил во воздух со 56 годишниот Украинец , Игор Волов.

Британскиот ионструктор од местото Тависток , во Девон , бил многу добро познат во јавноста со децениско искуство во натпревари во летање. Тој почина во болница , додека Волов загина на самото место. На Пауел му била оддадена почест од клубот за параглајдинг каде бил тренер. Од Wight Hang Gliding и Paragliding Club испратија сочуство до неговото семејство.

Пауел станал херој кога , рескирајќи го сопствениот живот , спасил друг параглајдерист , кој се урнал врз карпа. Спасувачката акција на Пауел била снимена во 2008 во серијалот Discovery Channel на , под наслов ,,Вистински херои”.

Во петокот Пауел летал низ топла воздушна струја , кога налетал на Волов. Тие успеале да се одвојат , но потоа се судриле уште посилно , изјавиле присутните.

Пауел не го отворил резервниот падобран и паднал на земјата. Натпреварот на завршниот ден , бил прекинат по несреќата.

Обвинителството во Македонија изјавило за BBC дека во истрагата побарало видео и друг материјал од системите за снимање на параглајдеристите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top