| четврток, 6 декември 2018 |

Нова опасна апликација – Децата да избегаат од дома , за родителите да се испаничат

На социјалните мрежи се појави нова виртуелан апликација, која ги потресе родителите. Целта на оваа опасна игра е детето да исчезне од дома најмалку на 48 часа, за родителите да го пријават исчезнувањето.

Што подолго детето е отсутно од дома и што повеќе се паничат родителите, добива повеќе поени. Играта се вика „48 часа предизвик” , популарна меѓу тинејџерите.

Родителите на исчезнатите деца, најголем број тинејџери почнаа да праќаат соопштенија преку социјалните мрежи со предупредување од опасноста од оваа игра. Во играта не само што се бодува паниката на родителите, туку и нивните објави на социјалните мрежи на кои апелираат за информации за исчезнатото дете.

Откако ќе добие доволен број поени, детето се враќа дома. Во оваа опасна игра било пожелно да се испаничат и пријателите и сите блиски, за да се соберат повеќе поени.

Играта се појавила прв пат во октомври 2017 низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top