Вообичаено, двете најголеми партии испраќаат утрински соопштенија. Веќе неколку недели СДСМ го пушта истото стерилно соопштение за референдумот. Денеска ВМРО ДПМНЕ пушти соопштение со кое го предвиде соопштението на СДСМ, кое дојде 20 минути по тоа на ВМРО ДПМНЕ.
-Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, прозива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн. Веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал. Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, како и заклучокот дека нема ниту иднина,
ниту ЕУ со криминал на кое посветено целото раководство на партијата на власт, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од Европската Унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Во истото стерилно соопштение на СДСМ со денови наназад се тврди: Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се! И истиот овој текст на нивните соопштенија со денови наназад е ист. Предвидливо и однапред познато е што ќе кажат од партијата на власт. Логично се наметнува дилемата, дали во СДСМ има луѓе и дали тие нешто работат или полесно им е секој ден да пуштаат едно исто соопштение?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.