Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне особено во западните и југозападните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи во интервалот од 11 до 20, а максималната дневна од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде 17, а дневната ќе достигне 34 степени Целзиусови.
Во наредниот период ќе се задржи топло време, но и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.