Македонската селекција за кошаркари до 16 години оствари огромен успех откако вечерва славеше над Чешка со резултат 84-66, освојувајќи го третото место на Европското Првенство – Б дивизија во Сараево.
Македонските кошаркари имаа водство во голем дел од првото полувреме, а на одмор заминаа со четири поени предност (39-35). Третиот период им припадна на нашите момци. На стартот од третиот период Македонија по водството од 41-37 направи серија од 16-0. По првиот поен на Чесите во овој дел од натпреварот следуваа две тројки на Миловановиќ, па предноста ја надмина и границата од 20 поени. Со исти ритам, тие мечот го завршија со огромна победа од 84-66.
Марко Миловановиќ постигна 23 поени и 13 скокови, Андоноски 15 поени, а двоцифрен ефект имаа и Савичевиќ и Данаиловски со по 10 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст