| четврток, 6 декември 2018 |

Иџе заврши на 16-та позиција на првата трка во Асен

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот.

Иџе тргна од 17-тата позиција и до крајот успеа да напредува за едно место. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски го освои 17-тото место.

Победник на првата трка во Асен е Даниел Наѓ од Унгарија. Втората трка се вози утре на истата патека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top