| четврток, 6 декември 2018 |

Гасол со емотивна порака до Наваро

Вчерашниот ден дефинитивно беше еден од најтажните за навивачите на кошарката, не само во Шпанија, но и во целиот свет, откако легендата Хуан Карлос Наваро, одлучи да стави крај на славната кариера.

Денеска еден од најдобрите пријатели и соиграчи на Наваро – Пау Гасол исто така, изрази восхитување од легендата на Барселона.

Двократниот НБА шампион на Твитер пушти емотивна порака за својот долгогодишен соиграч во репрезентацијата.

-Она што го направи и го даде на кошарката во текот на овие години не може да се изрази со зборови. ТИ БЛАГОДАРАМ! Дури и големи букви не се доволни за да ти ја покажам мојата благодарност и колку многу нѝ значиш на сите нас кои ја сакаме оваа игра. Беше повеќе од чест да бидам до тебе сите овие години и сигурен сум дека што и да одлучиш да правиш следно, ќе биде значајно. Ти благодарам, Наваро, напиша центарот на Сан Антонио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top