Продолжува теророт на кучињата скитници низ Скопје. Неспособноста на институциите да се справат со глутниците кои хараат низ градот резултираше со нова група на искасани граѓани.
Во полициската станица во Центар вчера во 17 часот П.К.(29) од Скопје пријавил дека на 13 август околу 10 часот на улица „Македонија” бил нападнат од глутница кучиња скитници и од едно бил каснат во десната потколеница.
Во полициска станица Карпош вчера во 14.50 часот М.Ч.(58) од Скопје пријавила дека околу 6 часот на булевар „Партизански одреди” од куче скитник била касната во левата потколеница.
Во Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот Љ.К.(58) од Скопје пријавил дека на 15 август во 15.30 часот на улица „Благоја Стевковски” бил каснат од куче скитник во левата нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст